Манчестер Сити во 2015 година бил потрага на нов напаѓач, а еден од фудбалерите кој им бил понуден на клупските скаути е Аргентинецот Паоло Дибала. Чики Бегиристан го следеше младиот Аргентинец, кој тогаш блескаше во дресот на Палермо.
Сепак, наместо Дибала, во последен момент на „Итихад“ пристигна Вилфред Бони од Свонси за 28 милиони фунти на инсистирање на менаџерот Мануел Пелегрини.
Шест месеци подоцна, Дибала за слична сума потпиша за Јувентус и денес е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа по една и пол сезона за шампионот на Италија.
Реал и Барса се спремни да платат и над 120 милиони евра за Паоло Дибала, но тој минатата недела стави потпис на нов договор со Јуве.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.