Аргентинската ѕвезда на Јувентус, Паоло Дибала ќе биде надвор од терените околу еден месец, објавија медиумите во Италија. Синоќа тој заработи повреда на бутниот мускул за време на натпревар од 20-тото коло на Серија А против Каљари, кој заврши со минимална победа на „Старата дама“ од 0-1.
По оваа повреда неизвесно е дали Масимилијано Алегри ќе да може да смета на Аргентинецот за првиот меч од 1/8-финалето на Лигата на шампионите кога Јувентус го дочекува Тотенхем на неговиот стадион на 13-ти февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.