Нокаут фазата од Евролигата и официјално ќе стартува денеска, а газдата на Панатинаикос знае како да ги мотивира своите кошаркари пред пресметките со европскиот вицешампион Фенербахче. Грчките медиуми информираат дека првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос го посетил вчерашниот тренинг на својата екипа, ветувајќи им богати премии на своите кошаркари доколку стигнат до Ф4 турнирот во Истанбул.
– Јанакопулос сака по пет години пауза повторно да го види ПАО на еден фајналфор турнир. Затоа и се реши за богати премии во висина од 250.000 евра доколку кошаркарите на Панатинаикос успеат да го елиминираат Фенербахче – јавува грчкиот весник „Газета“.
Првиот меч од четвртфиналната серија меѓу Панатинаикос и Фенербахче се игра во Атина вечерва со почеток во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
За досегашниот пласман на ЕП: Ракометарите ќе поделат 30 илјади евра
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Ќе мора да почека за дебито во Фенер: Елмас во јануари заминува на позајмица?