| четврток, 6 декември 2018 |

За досегашниот пласман на ЕП: Ракометарите ќе поделат 30 илјади евра

Пред заминување на Европското првенство во ракомет на состанокот на управата и стручниот штаб на Ракометната Федерација на Македонија со машките репрезентативни сениори претседателот на РФМ, Живко Мукаетов најави парични премии за репрезентативците за настапите на континенталениот собир.

За досегашниот пласман на ЕП, пласман во втората фаза на првенството, ракометарите меѓусебе ќе поделат 30 илајди евра.

Од УО на РФМ беше најавено дека ќе добијат дополнителни 30.000 евра (или вкупно 60 илјади) ако А-тимот обезбеди пласман на некое од првите 6 места на првенството.

Ако машките сениорски репрезентативци пак успеат да стигнат до полуфиналето на ова првенство (пласман во топ 4), Претседателот на РФМ вети премија од дополнителни 40.000 евра или вкупно 100.000 евра за ваков висок пласман на шампионатот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top