Најголемата македонска фудбалска надеж, Елиф Еламс, најверојатно ќе треба подолго да почека за своето деби во дресот на неговиот нов клуб Фенербахче, пишуваат денеска турските медиуми.
18-годишниот играч за врска ова лето ги засили редовите на турскиот гигант, но поради строгите правила на ФИФА не можеше да потпише професионален договор, бидејќи тогаш сè уште беше малолетен. Па така, се очекуваше своето деби за некогашниот шампион на Турција да го има во јануари, но според најавите на тамошните медиуми најверојатно пролетниот дел од сезоната ќе го мине во друг клуб.
Причината за тоа е поради фактот што предводникот на тимот Ајтук Кочаман доставил барање до раководството за нови две засилувања оваа зима, а истите најверојатно ќе бидат надвор од границите на Турција.
Тоа ќе значи дека квотата на странски играчи во редовите на Фенербахче ќе биде пополнета, па нема да има место за пријавување на Елмас. Поради ваквите случувања се шпекулира дека оваа зима на Елмас, од Фенер ќе му бараат нов клуб, каде ќе мине на позајмица со цел да биде што повеќе на фудбалскиот терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
Елмас сепак ќе мора да чека до јануари – Турците не ја уважија одлуката на ФИФА
-
ФИФА даде зелено светло: Фенербахче може да го регистрира Елмас
-
Добри вести за вардарци: Солдадо го пропуштил последниот тренинг