| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот репрезентативец со „бомба“ од работ на шеснаесетникот: Алиоски повторно стрелец за Лугано (Видео)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски ја продолжи својата голгетерска форма откако денес на домашен терен за својот Лугано го постигна вториот гол на мечот против Тун кој го добија со 2-1.

При резултат од 1-0, Македонецот од навидум безопасна ситуација упати фантастичен удар од работ на шеснаесетникот и го изненади противничкиот голман за зголемување на предноста на својата екипа од 2-0. За потсетување, Алиоски минатото коло постигна хет-трик за Лугано за само осум минути на мечот против Сион, што според статистиката од швајцарските медиуми е најбрз хет-трик во најсилниот шампионат на оваа земја

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top