Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски ја продолжи својата голгетерска форма откако денес на домашен терен за својот Лугано го постигна вториот гол на мечот против Тун кој го добија со 2-1.
При резултат од 1-0, Македонецот од навидум безопасна ситуација упати фантастичен удар од работ на шеснаесетникот и го изненади противничкиот голман за зголемување на предноста на својата екипа од 2-0. За потсетување, Алиоски минатото коло постигна хет-трик за Лугано за само осум минути на мечот против Сион, што според статистиката од швајцарските медиуми е најбрз хет-трик во најсилниот шампионат на оваа земја
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)