Предвидувањата на резултатите од референдумот во Турција покажуваат дека опцијата за промена на системот во Претседателски би можел да не помине кај гласачите.
Европските експерти за однесувања на гласачите и изборни одмерувања на силите објавија дека трендот на пребројувања покажува дека опцијата која се противи на доделување поголеми овластувања на претседателот би можела да победи со 51,1 процент.
Од друга страна сепак голема би била и поддршката за опцијата за која се залага партијата на претседателот Реџеп Тауп Ердоган, за промена на системот од дури 48,9 проценти.
Но ова се само предвидувања согласно движењата на резултатите по преброените ливчиња.
Истовремено, се објавуваат и резултатите од гласањето на турската дијаспора која покажува големи разлики во расположението во зависност од тоа од која држава пристигнуваат резултатите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.