Од Дебарско кичевската епархија информираат дека денеска во црквата „Св.Софија“ со почеток во 17 часот, ќе има вечерна Архиерејска богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие.
Утре, втор ден Велигден ќе има утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви, со почеток во 8.30 часот, а Архиерејска литургија ќе се одржи во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“ – Струга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.