На фестивалската програма е меѓународното поетско читање „Матине“, а во црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи поетски портрет посветен на годинашниот лауреат, мексиканскиот поет, романсиер, преведувач и критичар Хосе Емилио Пачеко.
Престижната награда „Златен венец“ на Пачеко ќе му биде врачена утре на традиционалното поетско читање „Мостови“, кога ќе бидат доделени и наградите „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга од македонски автор меѓу два фестивала за 2013 година на поетот Ристо Јачев и „Мостови на Струга“,на поетесата Николина Андова. Јачев наградата ќе ја добие за стихозбирката „Помнам“, а Андова за дебитантска книга „Влезот е од другата страна“.
Педесет и вториот поетски фестивал свечено беше отворен во четвртокот со традиционално читање на Константиновата „Т`га за југ“ и палење на фестивалскиот оган, а по поетското читање „Мостови“, следните два дена учесниците ќе го посетат Скопје и други градови низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.