Во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва со почеток во 21 часот концерт ќе одржи гитаристот Доменико дел Гиудиче. Италијанскиот гитарист е познат по својата природна интерпретација, нагласена изразност, чувство за стил. Покрај студиите по гитара, тој стекнал образование на полето на раната музика и инструментите од тој период во Шпанија, Италија и Франција. Во својата изведувачка кариера Дел Гуидиче има настапувано во повеќе европски земји, како и Канада, САД, Мексика, Аргентина. Неговиот репертоар опфаќа најразлични стилови – од ренесансата до џезот – кои можат да се сретнат на еден ист концерт донесувајќи богатство на звукот и идеите, а ги вклучува и најпознатите концерти за гитара од Родриго, Вила Лобос, Такемицу, Пјацола и др. Гитаристот често остварува премиерни изведби, а настапува и во соработка со водечките солисти и ансамбли. Де Гуидиче редовно учествува на престижните фестивали, вклучително и голем број фестивали за гитара. Тој често е покануван да предава на влијателните музички институции. Остварил повеќе снимки за радио во Италија и надвор. Поседува голема збирка гитари од различни периоди кои ги користи за автентичноста на звучењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.