Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан утрово по повод празникот Успение на Пресвета Богородица ќе чиноначалствува со Светата Божествена литургија во истоимениот манастир во Матка кај Скопје. Литургијата започнува во 9:00 часот.Одбележувањето на празникот кај народот познат како Голема Богородица ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.
Во манастирот вчера се одржа вечерна богослужба, Духовна академија, а имаше и полноќно бдеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.