Реал Мадрид забележа значајна победа на гостувањето против Баерн Минхен, но Зинедин Зидан во секој случај ќе ги одмори своите клучни играчи за реваншот со баварскиот гигант што ќе биде на програмата во вторник.
Токму затоа, „кралскиот клуб“ ќе биде значајно ослабен за гостувањето против Спортинг Хихон, откако францусиот стратег реши да ги остави во Мадрид своите најдобри фудбалери. За Герет Бејл беше уште претходно најавено дека нема да игра со Спортинг поради повредата против Баерн, а покрај велшкиот ас ќе недостигаат уште и Кристијано Роналдо и Карим Бензема. Кејлор Навас повторно нема да се најде на голот на европскиот шампион, препуштајќи му го своето место на Кико Касилја.
Зидан во неколку наврати сезонава на сличен начин експериментираше со тимот и Реал секогаш успеваше да дојде до цел плен, серија што „кралевите“ ќе се обидат да ја продолжат на утрешниот дуел во Хихон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.