| четврток, 6 декември 2018 |

Следната недела референдум во Гевгелија

gevgelijaНа 37 избирачки места во општина Гевгелија вкупно 19.363 граѓани на 23 април ќе се изјаснат по пат на референдум дали се „за“ или „против“ отворање на рудници за злато во околината на селото Конско, соопшти денеска Општинската изборна комисија.

Според утврдениот роковник, заинтересираните организации и лица за набљудување на референдумот треба да достават барања до ОИК најдоцна пет дена пред одржување на референдумот, а во рок од три дена ќе им бидат издадени беџови.

– Избирачот кој не е во можност да дојде до своето гласачко место, а сака да гласа, треба да ја извести ОИК најдоцна седум дена пред денот определен за гласање, а лицата кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка „куќен притвор“, а сакаат да гласаат, треба преку овластен полномошник да ја известат ОИК најдоцна три дена пред референдумот, појасни Гордана Поп-Кочева, претседател на ОИК Гевгелија.

Еден ден пред одржување на референдумот, ОИК Гевгелија ќе им го предаде изборниот материјал на избирачките одбори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top