Граѓаните на Кочани и вечерва со мирен протест ја поддржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тие се против редефинирање на државата и против секакви делби по етничка основа.
На учесниците на протестот им се обрати претседателката на Македонското патриотско здружение „Славчо Абазов“ од Кочани Славица Арсова, која ги изложи определбите на нејзината организација, како и на граѓаните на Кочани кои се против бинационална држава.
– Сакаме унитарна држава. Ја сакаме Македонија таква каква што е, држава во која ќе можеме слободно да живееме, да се образуваме на наш македонски јазик, а не како што е заложбата на СДСМ и на Зоран Заев за воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик во државата, рече Арсова.
Таа потенцираше дека остануваат на заложбите да се сочува унитарноста на државата, а се против тиранската платформа која, како што рече, нуди распарчување на земјата.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и утре ќе одржи протестен марш низ улиците на Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“
-
Ќерката која ја преживеа семејната трагедија во Кочани ќе остане во болница под надзор на психијатар