| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ ја спаси желката Леонардо (фото)

leonardo na NovakНовак Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери во светот, се покажа како голем љубител на животните. Тој на својата фејсбук фан страница објави фотографии од желката Леонардо, на која тој и помогнал во нејзината рехабилитација:

-Кога годинава бев во Дубаи, се вклучив во еден многу добар проект,  со Burj Al Arab Аквариумот. Тимот од луѓе од аквариумот е посветен на спасување и рехабилитација на морските желки. Јас имав среќа да се дружам со една и да и помогнам во нејзината рехаилитација. Ја нареков Леонардо, по мојата омилена желка од цртаниот филм „Нинџа Желки“. Вчера добив одлични вести дека Леонардо е целосно опоравен и пуштен назад во море. За жал, поради обврските не бев во можност да присуствувам на тој чин, но затоа добив фотографии…

leonardo na novak1 leonardo na novak2 leonardo na novak3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top