Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница кон колегите од СДСМ посочи дека владата што сака Зоран Заев да ја состави уште пред да ја состави се соочува со најголемите антивладини протести што се случиле во Македонија.
Димовски додаде дека сето тоа се случува поради тоа што народот се чувствува измамен, односно темата што СДСМ ја наметнаа заедно со албанските партии или тиранската платформа не е тоа за што македонските граѓани се изјаснувале на изборите.
Пратеникот апелираше до колегите дека место некакви тирански платформи на граѓаните им се потребни економски и социјални платформи што ќе го подобрат нивниот живот.
-За три недели додека ние тука се расправаме за тиранската платформа се најавија три нови странски инвестиции. Една во Скопје, втората во Струмица и третата во Желино каде што се мнозиство нашите сограѓани Албанци. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ работи еднакво за сите граѓани во Република Македонија – рече Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.