| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Буш­ље­тиќ: Никој не се раѓа со алергија, таа се добива во животот

Ако во те­кот на жи­во­тот по­ве­ќе се екс­по­ни­ра­ме на алер­ге­ни ка­ко што е по­ле­нот и ако се хра­ни­ме нез­дра­во,не сме мно­гу фи­зич­ки актив­ни и ако жи­ве­е­ме во ур­ба­ни сре­ди­ни ка­де што има зго­ле­мен со­о­бра­ќај, по­го­ле­ма е мож­но­ста оваа ге­нет­ска пре­дис­по­зи­ци­ја да ста­не и алер­ги­ско за­бо­лу­ва­ње, ве­ли д-р Буш­ље­тиќ

Ста­ти­сти­ка­та ве­ли де­ка се­кој чо­век ба­рем ед­наш во жи­во­тот имал не­кој тип алер­ги­ска ма­ни­фе­ста­ци­ја. Ни­кој не се ра­ѓа со алер­ги­ја, таа се до­би­ва во жи­во­тот. Мо­же да има­ме ге­нет­ска пре­дис­по­зи­ци­ја, што пра­ви скло­ност кон алер­гии, ве­ли д-р Ка­ме­ли­ја Буш­ље­тиќ, пул­мо­а­лер­го­лог во Кли­нич­ка­та бол­ни­ца „Аџи­ба­дем Си­сти­на“ во раз­го­во­рот за „Ре­пуб­ли­ка“.

Со до­а­ѓа­ње­то на про­лет­та кај па­ци­ен­ти­те за­че­сту­ва­ат и алер­ги­и­те. Мно­гу е важ­но да се пра­ви раз­ли­ка ме­ѓу на­стин­ка или ви­рус од ед­на стра­на и алер­ги­ја од дру­га стра­на. Не по­стои во­зраст во ко­ја алер­ги­и­те не мо­жат да се по­ја­ват, мо­же прв­пат да се ја­ват и на 70 го­ди­ни. За про­лет­ни­те алер­гии е ка­ра­кте­ри­стич­но тоа што нај­че­сто се ја­ву­ва­ат во ти­неј­џер­ски го­ди­ни – тоа е пи­кот, но не зна­чи де­ка на 60 или на 70 го­ди­ни не мо­же не­кој да до­бие алер­ги­ја. 

Со до­а­ѓа­ње­то на про­лет­та, ко­га при­ро­да­та се бу­ди, се „бу­дат“ и алер­ги­и­те кај па­ци­ен­ти­те. Да­ли са­мо зат­нат нос, ки­ва­ви­ца, оте­че­ни очи се симп­то­ми за при­сус­тво на алер­ги­ја кај па­ци­ен­ти­те?

Буш­ље­тиќ: Врз ос­но­ва на симп­то­ми­те ка­ко зат­нат нос, ки­ва­ви­ца, проб­ле­ми со очи­те не мо­же да се по­ста­ви ди­јаг­но­за за алер­ги­ја би­деј­ќи со исти симп­то­ми мо­же да се ја­ват и ви­рус­ни­те ин­фек­ции, кои, исто та­ка, се по­че­сти во про­лет. Но, ед­на од раз­ли­ки­те во симп­то­ми­те е тоа што ин­фек­ци­и­те не одат со че­ша­ње на очи­те и на но­сот. Но, за да мо­же со си­гур­ност да се иск­лу­чи алер­ги­ја или да се по­твр­ди алер­ги­ја, тре­ба да се на­пра­ват ис­пи­ту­ва­ња.

Ко­га поч­ну­ва се­зо­на­та на про­лет­ни­те алер­гии? 

Буш­ље­тиќ: Се­зо­на­та на про­лет­ни алер­гии се­ко­ја го­ди­на поч­ну­ва раз­лич­но. Сѐ за­ви­сти од тоа ка­ква би­ла прет­ход­на­та зи­ма. Ако зи­ма­та е по­сту­де­на и по­дол­го трае и симп­то­ми­те на алер­ги­ја ќе би­дат од­ло­же­ни. Обич­но, ако зи­ма­та е по­топ­ла поч­ну­ва­ат во фе­вру­а­ри, а до­кол­ку е по­дол­га зи­ма­та и по­сту­де­на, ка­ко го­ди­на­ва, поч­ну­ва­ат од март. По­стои по­ме­сту­ва­ње од две до три не­де­ли, во за­вис­ност од тоа ка­ква е зи­ма­та.

unnamed (6)

Во про­лет­та, по­ра­ди по­го­ле­ма­та вла­га ка­ко чест при­чи­ни­тел за алер­ги­ја мо­же да би­дат и мув­ли­те

Кои се нај­че­сти­те про­лет­ни­те алер­гии? 

Буш­ље­тиќ: Пр­ви­те по­ле­ни се од дрв­ја­та. Мо­же да се ја­ват и од по­че­то­кот на фе­вру­а­ри. Кол­ку што е по­сту­де­на зи­ма­та, тол­ку по­лен­ска­та се­зо­на се ја­ву­ва по­доц­на.  Кај ли­ца­та што има­ат алер­ги­ја, од­бран­бе­ни­от си­стем не го пре­поз­на­ва по­ле­нот ка­ко не­штет­на че­стич­ка, ту­ку ка­ко опас­на, што до­ве­ду­ва до не­го­ва актив­ност и соз­да­ва­ње вој­ни­ци, алер­ги­ски ан­ти­те­ла. Ре­ак­ци­и­те се ја­ву­ва­ат на ме­сто­то на кон­та­ктот на на­ши­от ор­га­ни­зам со по­ле­нот – очи­те, но­сот, гр­ло­то и се ја­ву­ва сол­зе­ње, че­ша­ње, боц­ка­ње на очи­те, ки­ва­ње, зат­ну­ва­ње и те­че­ње на се­крет од но­сот, но и каш­ла­ње, гре­бе­ње и че­ша­ње на гр­ло­то или мо­же да се ис­про­во­ци­ра­ат и дру­ги алер­ги­ски за­бо­лу­ва­ња. Од по­че­то­кот на мај поч­ну­ва и тре­ва­та, ко­ја трае до крај на ју­ни и со тоа за­вр­шу­ва­ат про­лет­ни­те по­лен­ски­те алер­гии, до­де­ка по­ле­нот од пи­ре­јот нè че­ка на крај на ле­то­то. Во про­лет­та, по­ра­ди по­го­ле­ма­та вла­га ка­ко чест при­чи­ни­тел за алер­ги­ја мо­же да би­дат и мув­ли­те. Тие се це­ло­го­диш­ни алер­гии, но се наг­ла­се­ни во про­лет­ни­от пер­и­од.

Ста­ти­сти­ка­та ве­ли де­ка се­кој че­твр­ти Ма­ке­до­нец има алер­ги­ски ри­ни­тис. Мож­но ли е да се раз­вие алер­ги­ја во по­доц­неж­ни го­ди­ни? Мож­но ли е не­кој што ни­ко­гаш не­мал проб­лем со по­лен, одед­наш на 40 го­ди­ни да ста­не алер­ги­чен на не­што?

Буш­ље­тиќ: Не е са­мо Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку се­ка­де во све­тот е зго­ле­мен бро­јот на ли­ца што има­ат не­кој ви­де на алер­ги­ска ре­ак­ци­ја. Во не­кои зем­ји, ка­ко на при­мер Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, се­кој трет жи­тел има не­ко­ја алер­ги­ска ма­ни­фе­ста­ци­ја. Не по­стои во­зраст во ко­ја алер­ги­и­те не мо­жат да се по­ја­ват, мо­же прв­пат да се ја­ви и на 70 го­ди­ни. За про­лет­ни­те алер­гии ка­ра­кте­ри­стич­но е што нај­че­сто се ја­ву­ва­ат во ти­неј­џер­ска во­зраст – тоа е пи­кот, но не зна­чи де­ка на 60 или 70 го­ди­ни не мо­же не­кој да до­бие алер­ги­ја. Спо­ред ста­ти­сти­ка­та, се­кој чо­век ба­рем ед­наш во жи­во­тот имал не­кој тип алер­ги­ска ма­ни­фе­ста­ци­ја. Алер­ги­ја­та се до­би­ва во жи­во­тот, не е не­што со што се ра­ѓа­ме. Мо­же­ме да има­ме ге­нет­ска пре­дис­по­зи­ци­ја, што пра­ви скло­ност кон алер­гии. Што зна­чи тоа? Ако во те­кот на жи­во­тот по­ве­ќе се екс­по­ни­ра­ме на алер­ге­ни ка­ко што е по­ле­нот и ако се хра­ни­ме нез­дра­во, пос­ла­бо сме фи­зич­ки актив­ни и ако жи­ве­е­ме во ур­ба­ни сре­ди­ни ка­де што има по­го­лем со­о­бра­ќај, по­го­ле­ма е мож­но­ста во те­кот на жи­во­тот оваа ге­нет­ска пре­дис­по­зи­ци­ја да ста­не и алер­ги­ско за­бо­лу­ва­ње.

unnamed (7)

Ако има­те алер­ги­ски ри­ни­тис со тек на вре­ме мо­же да до­би­е­те алер­ги­ска аст­ма

Што тре­ба да со­др­жи те­ра­пи­ја­та? И кол­ку по­ра­но тре­ба да поч­не да се пие пред да поч­нат пр­ви­те симп­то­ми?

Буш­ље­тиќ: Ко­га да се поч­не со те­ра­пи­ја за­ви­си од тоа ко­га ќе се ма­ни­фе­сти­ра­ат симп­то­ми­те т.е. ко­га поч­ну­ва се­зо­на­та. Ле­карс­тва­та што ги да­ва­ме се симп­то­ма­то­ло­шки, дејс­тву­ва­ат за да ги на­ма­лат или це­лос­но пов­ле­чат симп­то­ми­те сè до­де­ка трае дејс­тво­то на ле­кот. Те­ра­пи­ја­та е ин­ди­ви­ду­ал­на и мо­же да се ле­ку­ва и кон­тро­ли­ра со таб­ле­ти,но мо­же и со спре­јо­ви. Таб­ле­ти­те нај­че­сто се ан­ти­хи­ста­ми­ни­ци­те, до­де­ка пум­пи­те за нос се то­пич­ни кор­ти­ко­сте­ро­и­ди и се ста­ва­ат во нос. Кај ле­ко­ви­те по 40 ми­ну­ти поч­ну­ва дејс­тво­то, а кај пум­пи­те за нос има ефект по еден час, но ма­кси­мал­ни­от ре­зул­тат се по­стиг­ну­ва по две не­де­ли. Кај не­кои па­ци­ен­ти се да­ва­ат и дру­ги ле­ко­ви ка­ко ан­ти­ле­у­ко­три­е­ни, ста­би­ли­за­то­ри на мем­бра­ни на ма­сто­ци­ти, тоа се кле­тки што се дел од са­ма­та алер­ги­ска ре­ак­ци­ја и кои се да­ва­ат во за­вис­ност од тоа ка­ков од­го­вор има­ме на те­ра­пи­ја­та. Се пра­ват со­од­вет­ни ком­би­на­ции од ле­ко­ви и за­тоа трет­ма­нот е ин­ди­ви­ду­а­лен и раз­ли­чен кај се­кој па­ци­ент. Кај па­ци­ен­ти кај кои не дејс­тву­ва те­ра­пи­ја­та со ле­ко­ви се пре­по­ра­чу­ва  иму­но­те­ра­пи­ја со вак­ци­на­ци­ја. Оваа те­ра­пи­ја дејс­тву­ва на про­ме­на на при­род­ни­от тек на бо­ле­ста. Иму­но­те­ра­пи­ја­та по­ма­га во одре­ден пер­и­од од по­ве­ќе го­ди­ни да ста­не­те то­ле­ран­тен, од­нос­но да го под­не­се­те алер­ге­нот на кој ре­а­ги­ра­те.

Ка­ко да ја раз­ли­ку­ва­ме на­стин­ка­та од алер­ги­ја­та?

Буш­ље­тиќ: Са­мо до­кол­ку се ба­зи­ра на симп­то­ми­те што се ја­ву­ва­ат, и осо­бе­но ако за прв­пат ста­ну­ва­те алер­гич­ни, то­гаш мно­гу те­шко мо­же­те да на­пра­ви­те раз­ли­ка да­ли е алер­ги­ја или на­стин­ка. Но, до­кол­ку овие симп­то­ми се по­ја­ву­ва­ат се­ко­ја го­ди­на во исти­от пер­и­од и до­кол­ку се при­дру­же­ни и со че­ша­ње на очи­те и на но­сот, то­гаш овие симп­то­ми се по­ти­пич­ни за алер­ги­ја. Кол­ку вре­ме ќе тра­ат симп­то­ми­те на алер­ги­ја за­ви­си од тоа на што сте алер­гич­ни и кол­ку тој алер­ген е дол­го при­су­тен  во ва­ша­та бли­зи­на. По­лен­ски­те алер­гии се ја­ву­ва­ат во про­лет, сè до­де­ка е при­су­тен по­ле­нот ка­ко че­стич­ка што пра­ви алер­ги­ска ре­ак­ци­ја. Ако сте алер­ги­чен на па­ра­зи­ти што жи­ве­ат во до­маш­ни­от прав или на мув­ла то­гаш мо­же­те да оче­ку­ва­те алер­ги­ска ре­ак­ци­ја во те­кот на це­ла­та го­ди­на.

Мо­же ли се­зон­ска­та алер­ги­ја да пре­ми­не во аст­ма?

Буш­ље­тиќ: Са­ма­та алер­ги­ја про­гра­ди­ра и се ја­ву­ва­ат и дру­ги алер­ги­ски бо­ле­сти. Та­ка што ако има­те алер­ги­ски ри­ни­тис со тек на вре­ме мо­же да до­би­е­те алер­ги­ска аст­ма. За­тоа и се ви­ка „ед­на це­вка еден ор­ган“. Са­мо што но­сот е по­че­то­кот на це­вка­та, а бе­ли­те дро­бо­ви се неј­зин крај, но и два­та се не­раз­де­лен дел од еден си­стем. Тоа е и при­чи­на што ед­на че­твр­ти­на од па­ци­ен­ти­те со алер­ги­ски ри­ни­тис раз­ви­ва­ат алер­ги­ска аст­ма.

 Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

(интервјуто е објавено во 240. број на неделникот Република кој излезе во печат на 7.4. 2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top