Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје има чест да Ве покани на промоција на книгата „И по сто пати“ од Александар Поповски, добитник на наградата за најдобра книга за деца и млади „Ванчо Николески“ на Друштвото на писатели на Македонија за 2016 година. Книгата ќе ја промовира Виолета Танчева-Златева а стихови од наградената книга ќе читаат ученици од основното училиште Коле Неделковски од Скопје. Промоцијата ќе се одржи на 12 април (среда) 2017 година во спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 12.00 часот.
Александар Поповски (1932) современ македонски писател за деца и возрасни. Пишува романи, кратка проза и поезија, преведува и се јавува како составувач на антологии и избори. Од неговото обемно дело се издвојуват романите: „Правоаголен круг“, „Љубов со Сесил“, романите за деца „Летувалците од Славино“, „Бакнеж за сеќавање“, збирките раскази „Окото на срцето“, „Мокро куче сува мачка“ и поетските книги за деца „Кнеже еже“, „Проѕевко и дремло“. Автор е на многу антологии проза и поезија од домашната и странска литература а како составувач, преведувач и препејувач има публикувано голем број наслови, од кои треба да се споменат: „Кула од песок“, „Дивите лебеди“од Андерсон и „Птицата со девет глави“ (приказни од цел свет). Добитник е на повеќе награди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.