| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Азаренка е подготвена да му се врати на тенисот

viktorija-azarenka

Поранешната најдобра тенисерка во светот, Викторија Азаренка, по едногодишна пауза повторно му се враќа на тенисот. Белорусинката го потврди учеството на ВТА турнирот во Стенфорд што ќе се игра од 31 јули до 6 август.

Викторија Азаренка отсуствува од теренот од мај минатата година кога се откажа од Ролан Гарос поради бременост. Во декември Азаренка се породи, а сега се подготвува да се врати во тенисот.

– Среќна сум што ќе играм во Стенфорд. Се реализирав како мајка и тоа е најубавото чувство. Се радувам на моето враќање на терен и на новиот почеток во кариерата – вели Азаренка.

Во својата кариера, белоруската тенисерка има две титули на Австралија опен, а на првото место на ВТА листата беше вкупно 51 недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top