„Пробивот на современата македонска литература надвор“ е насловот на трибината што ќе се одржи денеска (петок, 7 април) во 11.00 часот на Саемот на книга во Промотивниот центар (Хала 2). Организатор е Македонската асоцијација на издавачи.
Трибината „Пробивот на современата македонска литература надвор“ има за цел да ги отвори и разгледа прашањата за интересот, преводот, пласманот и читањето на современата македонска литература надвор од границите на Македонија. Учесници се Дејан Трајкоски – автор, новинар и директор на Меѓунардниот книжевен фестивал „Про-за Балкан“, Роберт Алаѓозовски- писател, критичар и директор на Издавачката куќа „Готен“ и Александар Прокопиев писател и професор на Културолошките студии при Институтот за македонска литература во Скопје. Модератор ќе биде Александра Јуруковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.