Деветгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во Скопје. Детето се здобило со фрактури на две коски на левата подлактица.
До несреќата дошло вчера попладне на улицата „Лазо Трповски“ во Чаир, кога автомобил „форд фокус“ управуван од Ѓ.Ф. (59) удрил во деветгодишното дете пешак.
Повреденото дете е задржано на лекување на ГОБ „Св. Наум Охридски“ од каде случајот бил пријавен во полиција, која работи на целосно расчистување на сообраќајната несреќа.
Фото: архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.