Учесниците на протестниот марш што се одржа вечерва во Кавадарци во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ повторно упатија порака против, како што рекоа платформата од Тирана и искажаа поддршка за зачувување на унитарноста на Македонија.
Маршот на поддржувачите на граѓанската иницијатива почна од пред црквата „Света Петка” во центарот на градот, продолжи низ главната улица „Илинденска” и заврши на градскиот плоштад.
Пред општинската зграда се обрати пензионерот Алимпие Лазоровски, кој ги повтори барањата на иницијативата за зачувување на државноста на Република Македонија. Тој прочита и дел од своето творештво.
Освен државната химна, на плоштадот преку разглас се пуштаа и македонски револуционерни патриотски песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.