| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните на Кавадарци сплотени во едно-Протестен марш и поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА (фото)

Учесниците на протестниот марш што се одржа вечерва во Кавадарци во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ повторно упатија порака против, како што рекоа платформата од Тирана и  искажаа поддршка за зачувување на унитарноста на Македонија.

Маршот на поддржувачите на граѓанската иницијатива почна од пред црквата „Света Петка” во центарот на градот, продолжи низ главната улица „Илинденска” и заврши на градскиот плоштад.

Пред општинската зграда се обрати пензионерот Алимпие Лазоровски, кој ги повтори барањата на иницијативата за зачувување на државноста на Република Македонија. Тој прочита и дел од своето творештво.

Освен државната химна, на плоштадот преку разглас се пуштаа и македонски револуционерни патриотски песни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top