Страшни фотографии од тригодишно дете од Тајланд кое медиумите го претставија под името „Орт“ покажуваат ужасно физично насилство кое истрпело детето од очувот кој го тепал и сечел и по него гасел цигари.
Неиуменуваниот човек по апсењето е задржен во притвор, а кутрото дете задржано во Центарот за социјални работи.
Интересно е што првите фотографии за маченото дете ги направил фотограф кој случајно го забележал во кварт близу Бангкок, а кога фотографиите стигнаа на интернет станаа вирални, па властите лесно го најдоа детет и го спасија од канџите на болниот родител.
Кога првпат е забележано, детето било со својата мајка, која подоцна признала дека не го пријавувала насилството зошто се плашела за својата безбедност.
Таа објасни дека нејзиниот партнер, кој не му е татко на детето, инаку е наркоман кој веднаш по вселувањето станал насилен, а потоа го тепал и мачел детето на сите лоши можни начини.
Откако го спасиле детето, лекарите констатираа дека по целото тело има модрици и исеченции, посебно на грбот и тоа некои свежи, а некои во вид на лузни. Исто така имал свежа исеченица на лицето, како и лузни од гасење на цигари по него.
Случајот го презеде Павена Хонгсакул Фондацијата, која се занимава со деца – жртви на семејно злоставување, а дете сега е одземено од мајката, а очувот е во протвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.