| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо е најлошиот тренер на Манчестер јунајтед во последните 43 години!

zoze murinjo

Со ремито против Евертон (1-1), екипата на Манчестер Јунајтед ја продолжи серијата на непоразеност, која сега изнесува 20 натпревари. Сепак, Жозе Мурињо не може да слави со оглед на тоа што е најлошиот тренер на „црвените ѓаволи“ од далечната 1974 година.

Во досегашните 16 меча на „Олд Трафорд“, Португалецот победи на шест, одигра девет реми средби и доживеа само еден пораз со освоени само 37,5% од можните бодови. Последен тренер со послаб учинок од него е Томи Доерти, кој во сезоната 1973/74 освои 35% од максималните бодови на домашен терен.

Најуспешен очекувано е Сер Алекс Фергусон, кој за време на својот престој од 1986 до 2013 година победи на 72% од натпреварите, односно 370 од одиграните 517 меча. Учинокот на Мурињо е послаб од оној на Ван Гал (68%) и Мојс (44%).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top