| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот селектор на Србија: Многу го сакам Ѓоковиќ, но тој има еден голем проблем

obradovic i djokovic

За разлика од минатата година во која Новак Ѓоковиќ имаше неверојатен старт и успеа да ги освои титулите на Австралија Опен, Индијан Велс и Мајами, српскиот тенисер новата 2017 година ја отвори на катастрофален начин со навистина потпросечни резултати на трите најважни турнири досега, ситуација која секако е топ тема во српската спортска јавност, но и во останатите делови од светот со оглед на играта која ја прикажуваше претходно актуелниот светски рекет број два.

Последната вест е дека Ѓоковиќ го пропушти турнирот во Мајами поради повреда која не е од сериозен карактер, но сега за последните резултати на Ноле со интересна изјава излезе доскорешниот селектор на српската Дејвис куп репрезентација и тренер на славниот тенисер од тинејџерските денови, Богдан Обрадовиќ.

Искусниот тениски работник ексклузивно проговори за мадридски „Ас“ кога е во прашање состојбата на најдобриот српски тенисер, во кое без влакна на јазикот го посочи и главниот проблем со кој се соочува неговиот сонародник во овој момент.

– Во последната година имаше периоди кога со недели не играше, тоа не е позитивно. Од еднаш почна да ги намалува тренинзите, а потоа почна да практикува и необични диети, пропратени со повеќе часови минати во медитација отколку со рекетот во рака удирајќи го топчето. Се исклучи од нормалната рутина, а тоа е погубно во тенисот. Во тенисот, ако го смените рекетот, го менувате стилот на играта. Замислете што се случува ако го промените менталитетот. Во овој момент тој има еден голем проблем. Тој има проблем со самиот себе, има конфликт со себеси, со никој друг. Го сакам многу Ѓоковиќ, но секогаш работите ги кажувам отворено и кога не се позитивни – вели Обрадовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top