| четврток, 6 декември 2018 |

Манолас од лето во редовите на Интер

kostas manolas

Грчкиот интернационалец Костас Манолас по завршувањето на оваа сезона ќе ја напушти Рома и ќе се пресели во редовите на Интер. Раководството на „нероаѕурите“ најави големи инвестиции во летниот преоден рок, а Манолас ќе биде првата аквизија за тимот од „Џузепе Меаца“. Интер е подготвен да плати 43 милиони евра за овој трансфер.

Манолас дојде на „Олимпико“ во 2014 година од редовите на Олимпијакос и досега одигра преку 120 натпревари за „волчицата“ постигнувајќи и два гола. Минатото лето беше трансферна цел и на англискиот премиерлигаш Арсенал, но Арсен Венгер на крајот се одлучи да го ангажира Шкодран Мустафи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top