Граѓаните на Кочани вечерва повторно излегоа на протест изразувајќи несогласување со тиранската платформа. Учесниците на протестот порачаа дека македонскиот народ минал низ бројни премрежја и оти ќе го пребродат и ова премрежје кое, како што истакнаа, ќе ги направи посилни како нација.
– Нема да дозволиме никакво мешање во внатрешните работи и уредувањето на Македонија. Непримерни и за осуда се изјавите на политичари од соседни земји за тоа каков устав и закони ќе има нашата земја- истакна Благој Стојанов, наставник од Кочани.
Ванчо Богоев рече дека се против редефинирање на македонската држава и воведување на албанскиот за втор службен јазик.
Мирниот протест во Кочани заврши од местото од каде што почна, од пред споменикот на Никола Карев во градскиот парк.
Учесниците на протестот порачаат дека ќе протестираат се до отфрлање на тиранската платформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“
-
Ќерката која ја преживеа семејната трагедија во Кочани ќе остане во болница под надзор на психијатар