
Протестен марш на Иницијативата „За заедничка Македонија“ и вечерва се одржа во Неготино, а пред присутните се обрати Андријана Арсова професор по одделенска настава. Таа рече дека со гордост ги поздравува тие што протестираат.
-Јас нема да повторувам зошто сме и денес тука, јас ќе кажам дека и денес докажавме, а и денес пишуваме историја, дека оваа земја има луѓе, има синови и ќерки коишто ќе ја бранат нејзината унитарност и сувереност. Оваа земја има народ со исправена кичма, народ со високо исправено чело кој се вика Македонија, нагласи таа.
Притоа додаде дека Македонија е повторно јаболко на раздорот. Некогаш, како што рече, заради геостратешката положба, а повеќепати да се задоволат туѓи аспирации и потреби.
Притоа повтори дека се против платформата во Тирана, против двојазична Македонија и „за” суверена, унитарна, демократска, една и единствена Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)
-
Во Приштина марш за обединување на Прешевската Долина со Косово
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Заев: Верувам дека граѓаните ќе донесат одлука за европска Македонија


