| четврток, 6 декември 2018 |

Протестен марш на Иницијативата „За Заедничка Македонија“ во Неготино

неготино

Протестен марш на Иницијативата „За заедничка Македонија“ и вечерва се одржа во Неготино, а пред присутните се обрати Андријана Арсова  професор по одделенска настава. Таа рече дека со гордост ги поздравува тие што протестираат.

-Јас нема да повторувам зошто сме и денес тука, јас ќе кажам дека и денес докажавме, а и денес пишуваме историјадека оваа земја има луѓе, има синови и ќерки коишто ќе ја бранат нејзината унитарност и сувереност. Оваа земја има народ со исправена кичма, народ  со високо исправено чело кој се вика Македонија, нагласи таа. 

Притоа додаде дека Македонија е повторно јаболко на раздоротНекогаш, како што рече, заради геостратешката положба, а повеќепати да се задоволат туѓи аспирации и потреби.

Притоа повтори дека се  против платформата во Тирана, против двојазична Македонија и „за” суверена, унитарна, демократска, една и единствена Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top