| четврток, 6 декември 2018 |

Марио Манџукиќ го пропушта реваншот од Купот против Наполи

mario mandzukic

Марио Манџукиќ нема да може да му помогне на Јувентус на утрешната полуфинална пресметка од Купот на Италија против Наполи, објави денеска тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри. Искусниот стручњак ризикуваше со недоволно заздравениот Манџукиќ на неделното дерби против истиот ривал, но состојбата на хрватскиот голгетер во меѓувреме се влошила, поради што тој нема да може да настапи на утрешниот реванш на кој Јуве ќе ја брани предноста од 3-1 од првиот меч во Торино.

– Неверојатно е Марио Манџукиќ да биде оспособен за настап. Ќе се обидеме со уште еден тест пред натпреварот, но реално гледано шансите се речиси еднакви на нула. Што се однесува до останатите фудбалери, сите се подготвени за настап, вклучувајќи и и Дибала и Квадрдадо. Ќе настапиме со силен тим и ќе сториме се за да го реализираме планот – трета година по ред да стигнеме до двојната круна. Очекувам поинаква средба од неделното дерби во лигата, бидејќи ова сепак е нокаут пресметка во која се нема право на поправен – истакна Алегри на денешната прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top