| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ признава: Ривалството меѓу Роџер и Рафа е најголемо на сите времиња

rafael-nadal-roger-federer-iptl

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ моментално е во Белград, каде што се подготвува за претстојниот  дуел против Шпанија во Дејвис-куп. Пред натпреварите против Шпанците за српските медиуми Ноле зборуваше за очекувањата од овој четвртфинален дуел, но ја искористи можноста и ги пофали неговите ривали Надал и Федерер за одличните игри кои ги прикажуваат оваа сезона.

„Ривалството меѓу Рафа и Роџер е најголемо во историјата. Роџер игра како препороден, имаше осцилации, но повторно се врати на врвот. Исто така, сакам да упатам честитки до Надал, нема нешто поубаво од тоа да гледаш како двајцата играат на високо ниво“, вели Ноле.

Изминатиот викенд Федерер славеше на мастерсот во Мајами и тоа токму над Рафаел Надал и му го нанесе вториот пораз во финалињата и трет оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top