Едноставно граѓаните не ја прифаќаат тиранската платформа како нешто што е свое и со право. Гледаме како албанските политичари сѐ повеќе се осоколуваат, сѐ повеќе зборуваат по медиуми, во јавност, дека во Македонија мора Албанците да си ги преземат работите во свои раце, практично тоа е директен повик на насилство, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова универзитетската професорка Тања Каракамишева.
„Ја слушнавме денеска албанската пратеничка Дода, како со малтене фашиосоидни изјави зборува дека Македонците треба да внимаваат, Албанците треба да направат референдум за Илирида, тоа е, практично, директно мешање не само во внатрешните работи, туку и повик за отцепување на дел од државата и создавање на некаква нова држава којашто би се припоила“, вели Каракамишева.
Додава дека тоа се сериозни, фашиозоидни малициозни изјави коишто немаат никаква врска со демократијата и посебно немаат никаква врска со нашите внатрешни работи.
„Јас не сум слушнала до сега Албанец којшто живее во Р. Македонија до тој степен да биде малициозен, до тој степен да има таква реторика, опасна, запаллива реторика. Гледаме дека сите тие реторики доаѓаат од надвор. И тоа е она што нѐ плаши, и тоа е фактички револтот што го создава кај граѓанинот дека таа тиранска платформа ни носи само зло. Тука е епицентарот на злото, но и епицентарот којшто мора да се затвори, да се затвори тој вулкан за да можеме да најдеме соодветно мирно решение коешто би нѐ носело напред во една посветла иднина“, рече Каракамишева.
Постизборно дополнително се комплицираше ситуацијата и мислам дека час поскоро треба да се организираат нови парламентарни избори, зашто тие се нужност, нема друга излезна врата од оваа политичка криза освен нови предвремени избори заедно со локалните со цел да се покрие сѐ во еден трошок, но и со цел да имаме функционална локална самоуправа којашто ќе може да функционира онака како што треба, изјави универзитетската професорка Тања Каракамишева во вечерашното гостување во Отвореното студио на ТВ Нова.
Каракамишева го коментира тврдењето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој зборува за 700 илјади гласови коишто биле дадени на опозицискиот блок. -Не знам за кои гласови мисли, неговите се јасно утврдени, околу 400 илјади, вели Каракамишева.
-Дали албанските партии би прифатиле коалициска влада со Заев без тиранската платформа? Не, значи таа е уцената. Второ, дали ги смета оние гласови коишто не добија мандати? Тој што не добил мандат не можеш да го цениш дека е дел од твојот двор. Ти можеш да разговараш само на ниво на мандати, вели Каракамишева.
Нагласи дека СДСМ во моментот има 49 пратеници, сѐ друго е прашање на полиитчки калкулации, математики итн., при што албанските партии јасно и гласно кажаа, ако не се имплементира сѐ што е содржано во тиранската платформа, ќе размислат дали воопшто да коалицираат со Зоран Заев.
-Во таква ситуација, тоа е класична уцена, тоа е класично играње по некакви странски ноти, занемарувајќи ги целосно интересите на Македонија и на Македонците, дури и директно погазувајќи по интегритетот и достоинството на Македонецот, рече Каракамишева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каракамишева: Заев отвора политичка војна со еден милион и 200 илјади граѓани кои не гласаа, си го бара со боринче!
-
Каракамишева: Наместо правна аргументација и факти денес судиите се распослаа со апологетство кон власта
-
Предавството на Заев
-
Каракамишева: Под фразата реформатори се продава сè, па и нашиве црпнати од нива