| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Наместо правна аргументација и факти денес судиите се распослаа со апологетство кон власта

Наместо правна аргументација и правни факти денес судиите се распослаа со апологетство кон власта и се надминаа себе си во улогата на политички бранители на нешто што не може да се одбрани!, вели професорката на Правниот факултет во Скопје Тања Карамишева Јовановска.

Според неа, јавноста не слушна ниту еден правен аргумент од ниту еден од 7 судии зошто сметаат дека одлуката на Собранието е уставна и законска!

Референдумското прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот на Република Македонија и Република Грција“ е двосмислено, конфузно, збунувачко, сугестивно и збунувачко, ја нападна утринава експретседателката на Уставниот суд Елена Гошева уставноста на одлуката на Собранието за распишување на референдумот.

„Оваа одлука сметам е неуставна и предлагам времена мерка стопирање на активностите за референдумот, до донесување конечна одлука на Уставниот суд“, предложи Гошева, која е судија-известител за овој предмет.

Гошева смета дека место едно наведувачко прашање, треба да има три прашања на референдумот, две за членствата, едно за договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top