| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе го реши проблемот со презимето

Нумеролозите предвидуваат интересна 2013 година

mirjana-siljanovskaМакедонија се наоѓа во код 9. Во 2013 ќе биде во нумеролошкиот циклус на бројот 6. (2+0+1+3 = 6 6+9=15 5+1=6). Според нашиот нумеролог Мими Сиљановска Главиновска шестката кореспондира со Венера, која има хедонизам и оплеменета природа,  има две лица или енергии – машка и женска. Шестката е хуман број, број на медицината, на докторите, но и на алхемијата, на алтернативната медицина.

Брак или развод, кавга или помирување
Секој Македонец треба да се подготви за кризни времиња, да внимава пред да изговори погрешен збор, да си посвети повеќе време на себе:

-Ова е период кој делува на емоциите, укажува на пречувствителност…Затоа се укажува на потребата од непотребни зборови за кои подоцна може да се каеме. Шестката укажува и на потребата од домаќинско работење и заштеда потребна за кризни времиња. Шестката е брак или развод, кавги или помирување, пред се во домот, семејството, децата, партнерите во врска, брак, деловните партнерства.  Шестката е и работохолик. Умее да заборави да се релаксира и да се посвети грижа и љубов на себе и на блиското семејство – вели Сиљановска Главиновска

Со доаѓањето на 2013 година доаѓа чувствителен период, кој предизвикува нестабилност и несигурност и го менува однесувањето на несигурните личности, или како што вели нашиот нумеролог, се конфронтираат, но на крај мора преку заеднички компромис и поделба на обврските да бидат во хармонија со блиското опкружување.

-Ова секако не е лесно, но е неопходно за доброто на сите. Ова, се разбира, се однесува на секој поединец, а со тоа на сите заедно – додава таа.

Сконцентрирани кон нашиот дом Македонија
Она што важи за секој од нас, а сите ние зависиме и од колективната мисла и колективната судбина на Македонија.  Тргнувајќи од овој аспект, нашиот соговорник, Сиљановска Главиновска, вели дека прогнозата за Македонија за 2013 година ќе ги има сличните или скоро исти карактеристики како што е за секој поединец.

-Бројот шест и хуман и племенит број, а не број на ѓаволот, како што некои мислат. Секој број, па и овој, може да се искористи за добро или за лошо. Токму затоа е потенцирано значението на хуманоста на годинешниот циклус на број шест, кој што ни го носи 2013 година, особено поради фактот дека Македонија е девет, совршен број, неменлив број, број кој не го менува својот идентитет и секогаш останува девет – коментира нашиот нумеролог.

Македонија годинава нема толку многу време да посвети на активностите надвор од државата. За разлика од минатата година, кога бевме прилично посветени на политиката надвор од државата, на соседството, на Европската Унија. На сметка на тоа, посветеноста на активностите надвор од домашните граници, ќе биде помалку застапена во 2013 година. Приоритет годинава ќе биде нашиот дом, односно нашата држава.

Мими Сиљановска Главиновска прогнозира голема одговорност на столбот, на таткото во домот, поголема одговорност на сите оние што се столбот на државата.

Инаку шестката е женска година, година на жените во политиката, здруженијата на жените, социјалните работници и установи, грижата за младите, болните и немоќните. Ќе биде година кога ќе се чувствува потребата да им се помогне на најмладите.

Март, јуни и септември клучни периоди
Кога се во прашање поволни и неповолни месеци за нашата држава, нумерологот прогнозира дека април, октомври и ноември 2013 година и не ни се баш најсреќни.

-Април, октомври и ноември месец се месеци на слабост или неповолен период. Март, јуни и септември пак се клучните месеци. Период кој треба да се искористи за нови почетоци и корекции  е периодот од 20 април до 19 мај и од 21 септември до19 октомври – вели Сиљановска Главиновска.

Изборот за презимето е наш!
Ќе се реши ли спорот со името? Ова е прашање за кое постојано се бара одговор, постојано се бара прогноза. Го прашавме и нумерологот кој ни прогнозира што ќе ни се случува во годината која пристигна. Таа вели дека се работи за прашање околу презимето – Република, а не името – Македонија.

-Ќе се разгледуваат предлозите за брак. Европската Унија значи унија или брак. Некои предлози  непристојни, други пристојни ќе одлучуваат дали Македонија ќе го промени своето презиме, ќе додаде уште едно или ќе остане на своето презиме. Изборот е наш. Ова прашање ќе биде со конечно решение. Голема е веројатноста долгогодишното прашање за спорот со името да биде затворено  конечно решено во периодот помеѓу септември 2013 и септември 2014 година – прогнозира Сиљановска Главиновска.

 Хармонија по големата криза
2013 година ќе не натера уште повеќе да се грижиме за себ, како поединци, но и за целата држава. Ќе не натера да го подобриме живеењето и да ја вратиме хармонијата по големата криза што не очекува. Ние би рекле имајте убава година во која ќе стекнете нови, а ќе ги зачувате и старите пријатели и личности кои ви значат. А се приклучуваме и кон пораката на нашата соговорничка – Среќно!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top