Денеска во просториите на Клиниката за детски болести, компанијата „Тинекс“ преку платформата „Тинекс, ти и јас“ донираше пелени и козметика за малиот Најден, кој моментално се наоѓа во стабилна здравствена состојба. Компанијата „Тинекс“ преку платформата „Тинекс, ти и јас“ се приклучи како донатор на месечно ниво за сите неопходни производи, како пелени и козметика, сѐ додека има потреба за тоа.
Компанијата „Тинекс“ е горда што заедно со сите граѓани донира и придонесува за развој на нашата заедница и воедно ќе продолжи да помага онаму каде што помошта е најпотребна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.