Германци има 1,6 милиони помалку отколку што беа доскорешните податоците, покажал пописот на населението во 2011 година. Така во Германија живеат 80,2 милиони луѓе, а не 81,8 милиони колку што досега се броеја, јавуваат германските медиуми.
Директорот на Сојузното биро за статистика Родерих Егелер истакна дека во Германија има 1,6 милиони помалку луѓе отколку што досега статистиката посочувала, а медиумите додаваат дека е намален и бројот на странци во државата, што е една од причините за вкупното намалување на бројот на жители.
Според пописот од 2011 година, бројот на Германци е намален за околу 428 илјади или 0,6 отсто. Во државата сега живеат 74 милиони Германци односно 92,3 отсто од вкупниот број жители. Намален е и бројот на странци – 6,2 милиони односно 7,7 отсто од вкупниот број жители. Со тоа бројот на странци е намален за 14,9 отсто односно за 1,1 милион во однос на податоци пред последниот попис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Симовски: Не е исклучено во пописот да биде вклучена и етничката припадност
-
На пописот во 2020 нема да има листови хартија, само лаптопи
-
Пробен попис во четири општини во 2019: Жителите нема да се изјаснуваат за етничката и верска припадност
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија