| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов не згрешил и Романија се откажа од самитот на лидери во Југоистична Европа

Откако неофицијално дури пет земји го одбиле предлогот на романскиот претседател Башеску утре и задутре да го организира од претседателот Иванов откажаниот самит на лидери од регионот, и Романија мораше да ја повлече дипломатската иницијатива која дојде во моментот кога во Букурешт пристигна српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Дипломатскиот дебакл на Романија се случи откако, покрај Албанија, уште четири други земји, меѓу кои и Хрватска, одбиле да патуваат во Букурешт само два дена откако Иванов го откажа настанот во Охрид.

 

baseku so papuljas

Одлуката на Иванов да го откаже самитот денеска индиректно ја поддржа и еврокомесарот Штефан Филе, кој, зборувајќи за романската иницијатива, рече дека ја поддржува само доколку таа е инклузивна, односно доколу во Романија бидат присутни сите земји од регионот.

Иванов го откажа самитот откако, покрај Грција и Бугарија, и  Албанија и Хрватска решија да не патуваат во Охрид поради српското вето за Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top