| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо бесен по ремито на „Олд Трафорд“

murinjo

Манчестер Јунајтед не успеа да го скрши отпорот на Вест Бромвич Албион на домашниот „Олд Трафорд“ и направи уште еден чекор назад кога е во прашање битката за четвртото место на табелата во Премиер лигата, а по натпреварот посебно вознемирен од конечниот исход (0:0) беше Жозе Мурињо кој не пропушти да опомене дел од своите фудбалери кои беа стартери на овој меч.

Во отсуство на двете најголеми ѕвезди Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ, Мурињо беше приморан да прави рокади во составот и да пронаоѓа алтернативни решенија во нападот, но бидејќи тоа не вроди со плод, португалскиот стручњак „индиректно“ ги распарчи Антони Марсијал, Маркус Рашфорд, Џеси Лингард и Хенрик Мхитаријан, ударната четворка на „ѓаволите“ на овој меч.

– Што можам да кажам после ваков меч, се обидовме на секаков начин, но едноставно не успеавме. Имавме шест играчи на теренот, кој според мене беа апсолутно феноменални. Не само на начинот на кој играа, туку и во посветеноста во мечот. Валенсија, Баји, Рохо, Јанг, Карик и Фелаини беа спектакуларни. Но, од друга страна имавме четворица креативни играчи (мислејќи на Марсијал, Рашфорд, Лингард и Мхитаријан) кои требаше да постигнат гол, но не го направија тоа. Тие имаат свои блесоци, имаат свои моменти, но едноставно не се константни. Поради тоа, денеска загубиме уште два бода – истакнал Мурињо без влакна на јазикот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top