Само два дена по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го откаже самитот за претседатели во Охрид, Романија поднела предлог самитот да се одржи во Букурешт задутре. Според информации на Република, идејата била експресно отфрлена од пет земји.
На новинарско прашање зошто Романија смета дека за само два дена може подобро да го организира состанокот од Македонија која со месеци се подготвуваше за овој настан, претседавач на комитетот за надворешни работи на Романија, Раду Подгореан рече дека тоа било идеја со која сакале да испратат порака за соработка во регионот.
– Мислам дека идејата за самит во Букурешт беше порака за соработка на регионот. Позитивна порака дека регионалната соработка на ПСЈИЕ мора да продолжи и да соработува, рече Подгореан.
Тој не сакаше да ги потврди информациите дека пет земји веднаш го одбиле предлогот на Романија.
– Имам помалку информации од вас колку одговориле на повикот. Можеби повеќе информации подоцна, рече Подгореан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.