| четврток, 6 декември 2018 |

Маноло Каденас е нов селектор на Аргетина

manolo kadenjas

61-годишниот стручњак Маноло Каденас е именуван за нов селектор на аргентинската ракометна репрезентација. Човекот кој до пред неколку месеци ја водеше Висла и беше селектор на Шпанија, не мирува и веднаш ја прифати понудата на аргентинската федерација, па ќе се обиде да ја сопре доминацијата на Бразил на јужноамериканскиот континент.

Каденас ги водеше Кантабрија, Ваљадолид, Адемар Леон, Барселона, Граноњерс, Висла Плок и шпанската репрезентација. Со „црвената фурија“ го освои сребрениот медал на Европското првенство во Полска во јануари 2016 година.

Прва цел на Каденас ќе биде јужноамериканскиот шампионат, а потоа и квалификациите за Светското првенство во Данска и Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top