Горан Пандев и Илија Несторовски следната сезона би можеле да играат во тандем во ист клуб во Серија А. Фјорентина е заинтересирана да го спои македонскиот репрезентативен тандем, кој функционира одлично во изминатите неколку натпревари во националниот тим. Италијанскиот калчолигаш, според информациите од Апенините, ги посакува двајцата македонски напаѓачи.
Горан Пандев по завршувањето на оваа сезона дефинитивно ќе ја напушти Џенова, со оглед на тоа дека во изминатиот период добиваше многу мала минутажа. Илија Несторовски е најпријатното изненадување во Серија А оваа година, и за него се заинтересирани неколку италијански, шпански и англиски клубови, меѓу кои и Фјорентина. Многу извесно е дека првиот напаѓач на „виолетовите“, Никола Калиниќ, ќе ја напушти Фиренца, а раководството размислува токму за спојување на македонскиот репрезентативен тандем Пандев – Несторовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.