Дваесет и седум годишниот Педро Жоао Луис Бонифачио е новото засилување на ФК Вардар кој утре треба да стане дел од ростерот на македонскиот фудбалски шампион.
Бонифачио во Скопје пристигнува по тројцата фудбалери Димитрија Лазаревски, Дејан Милиќ и Кофи Осеи, кои деновиве го засилија најтрофејниот фудбалски клуб во земјава.
Португалските медиуми имаат малку информации за Бонифачио кој предходно играл за португалските третолигаши ФК Мафра и Ерисеиренсе , а во Скопје доаѓа од Кипар, каде што настапувал во екипите на Докса и Дериниас.
Дел од македонските медиуми обајвуваат дека по доаѓањето на Бонифачио редовите на ФК Вардар ќе ги напушти Борче Маневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


