| четврток, 6 декември 2018 |

Португалец во Вардар

Дваесет и седум годишниот Педро Жоао Луис Бонифачио е новото засилување на ФК Вардар кој утре треба да стане дел од ростерот на македонскиот фудбалски шампион.

Бонифачио во Скопје пристигнува по тројцата фудбалери Димитрија Лазаревски, Дејан Милиќ и Кофи Осеи, кои деновиве го засилија најтрофејниот фудбалски клуб во земјава. 

Португалските медиуми имаат малку информации за Бонифачио кој предходно играл за португалските третолигаши ФК Мафра и Ерисеиренсе , а во Скопје доаѓа од Кипар, каде што настапувал во екипите на Докса и Дериниас.

Дел од македонските медиуми обајвуваат дека по доаѓањето на Бонифачио  редовите на ФК Вардар ќе ги напушти Борче Маневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top