| четврток, 6 декември 2018 |

Русите направија незапирлива ракета шест пати побрза од звукот

Русите направија нова хиперсонична противбродска ракета „циркон“, способна само со еден удар да уништи носач на авиони, објавија руските медиуми.

Од Кремљ наведуваат дека крстосувачката ракета разива брзина од 6.000 до 7.400 километри на час, што е пет до шест пати побрзо од брзината на звукот.

Медиумите во Русија пишуваат дека воениот брод „Петар Велики“, кој се очекува да биде пуштен во употреба во 2018 година, ќе биде вооружен со вакви ракети.

Експерти, за англиските медиуми, предупредуваат дека проектилот е речиси незапирлив и наведуваат дека тој може целосно да ги уништи „Кралица Елизабета“ и „Принцот од Велс“, носачи на авиони на Британската кралска морнарица.

Сегашните противракетни системи на британската морнарица опремени се со оружје кое може да собори само ракети со брзина од околу 3.700 километри на час, што значи дека ќе бидат целосно неупотребливи против „цирконите“.

Експерт за поморско војување, Пит Сендмен изјави за „Сандеј пипл“ дека одбраната од хиперсонични проектили претставува голем предизвик за бродовите.

– Има малку време за да се реагира и открие проектил. Дури и да експлодира во близина, се ослободува големо количество енергија така што бродот секако ќе претрпи огромна штета – наведе Сендмен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top