| четврток, 6 декември 2018 |

Патот може скапо да ја чини – Северина лажела за Америка!

seve

Датумот на документите од сајтот на американската влада која го бележи движењето на странците, а која српски Блиц ја има во посед, докажуваат дека Северина била во Америка од 16 октомври до 23 ноември, како што тврдеше Милан Поповиќ, поради што ја тужеше за занемарување на детето.

 

Поповиќ поднесе тужба против Северина за занемарување на детето, бидејќи таа не му се јавувала на телефон, па малиот Александар кај татко му останал подолго од планираното. Тој се обидувал да дојде до Северина, а таа со искористила тоа што детето подолго време било кај татко му и Поповиќ веднаш по враќањето во Хрватска го тужела за киднапирање. Полицијата два дена подоцна утврдила дека таа е на домашната адреса, како што тврдела. А Северина дури во февруари ставала фотографии од Америка на социјалните мрежи, тврдејќи дека била дома кога Милан ја барал.

Северина тогаш тврдела дека не била во Америка. Да биде работата полоша таа тогаш го провоцираше   Милан по социјалните мрежи со снимката „Каде е Северина“, алудирајќи на неговите обвинувања дека е во Америка. Од доказите до кои дојде Блиц може да се види дека Северина го обвинила Милан за киднапирање истиот ден кога слетала во Србија и така ја искористила можноста да биде на адресата на живеење кога полицијата дошла да утврди каде е.

seve2

-Кога ја поднесов тужбата за занемарување на детето, ги немав овие податоци, но знаев дека мојот син не би лажел кога велеше дека долго не ја видел мајка му и дека го чуваат непознати лица. Не сакам да влијаам на нејзините планови, моја единстевна желба е да бидам прва личност со која ќе биде моето дете, кога таа нема да биде тука. Постои ли родител кој не го сака тоа – прашува Поповиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top