Водителката Милена Антовска, која во месец мај ќе го изговори судбоносното “да”, веќе е во четвртиот месец од бременоста и вели дека е пресреќна што наскоро ќе стане мајка. Иако е во блажена состојба, атрактивната Милена тврди дека нејзините животни навики воопшто не се променети, а трудничкото стомаче се уште не се забележува со оглед на тоа што е витка.
-Она што го практикував пред да останам трудна, го правам и сега, воопшто нема разлика. Се хранам здраво, внимавам што јадам и сум активна. Единствено спијам малку повеќе од вообичаено и ноќните излегувања ми се сведени на минимум, откри Антовска.
Полот на бебето се уште не се знае, но водителката потајно посакува да роди девојче.
-Желба ми е да биде девојче, но што и да е, само да биде живо и здраво, тоа е најважно, заклучи Милена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.