| четврток, 6 декември 2018 |

Џим Кери напиша книга за деца

Актерот и комичар Џим Кери во септември ќе објави книга за деца „How Rolland Rolls“ („Како Роланд бранува“), соопшти неговиот издавач.

Сабрина Мекарти, претседател на издавачката куќа „Персеј“, рекла дека Кери е совршена личност за пишување детски книги.

– Тој е толку живописен, диманичен актер кој оживува неверојатни ликови и мислам дека на децата ќе им се допадне таа енергија и ентузијазан што ги носи во својата книга – наведува Макатри во соопштението.

Илустрираната книга за бранот по име Роланд е прва книга на актер кој доби два „Златни глобуси“ за улогите во филмовите „Човеќ на месечината“ и „Шоуто на Труман“.

На почетокот на годината Кери се појави во филмот „Неверојетниот Берт Вондерстон“ со колегата комичар Стив Карел, пишува „Ројтерс“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top