| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва се отвора изложбата „Борис Чипан: По трагите на еден модернист“

 

Во организација на Музеј на град Скопје ќе биде отворена изложбата Борис Чипан: По трагите на еден модернист. Куратор е арх. Фросина Зафировска, кустос советник, соработници: Доминика Бошкова, архитект, д-р проф. Влатко П. Коробар, д-р проф. Мартин Гулески, д-р проф. Михајло Волкнов, проф. Димитрие Голубовски, арх. Александар Чипан, а соработници на реализација: Лазо Плавевски, кустос советник, м-р Станимир Неделковски, Музеј на град Скопје.

Изложбата ќе ја отвори: д-р проф. Минас Бакалчев, декан на Архитектонски факултет УКИМ, Скопје, в четврток, (30. март), во 20 часот. Изложбата ќе трае до 23. април, 2017

 

Музејот на град Скопје за Донацијата изразува посебна благодарност на семејството на професорот Борис Чипан.

ferijalno_mail

Концептот на изложбата има интенција да ја проследи и презентира професионалната и животната патека на архитектот Борис Чипан (27 март 1918 – 31 март 2012), со која зазема едно од најзначајните места во историјата на македонската современа архитектура, како творец кој подеднакво суверено се реализираше во областа на архитектонското проектирање, заштитата на градителското наследство, архитектонското образование и архитектонската публицистика.

Chipan_0069

Користените материјали се дел од неговата професионална оставина, донирана од семејството Чипан на Музејот на град Скопје, сублимирана во „Збирка на архитект Борис Чипан“. Збирката содржи над петстотини предмети, меѓу кои: оригинални проекти, цртежи, скици, студии, ракописи, белешки, фотографии, исечоци од весници, дигитални записи, награди, плакети, книги и други предмети кои Борис Чипан педантно ги собирал и чувал, а кои се сведоштво на неговото долгогодишно, богато професионално делување.

Борис Чипан е роден и израснат во Охрид, спрема кој чувствува огромна љубов, од кој ја црпи инспирацијата и на кој ќе му се навраќа целиот свој живот.

MANU001_150x300

Средно образование завршува во Белград (1932 – 1936). Студира архитектура на Техничкиот факултет, Архитектонски отсек, во Белград (1936-1941), кадешто и дипломира, во класата на проф. Б. Коиќ, на тема „ Центар на селска населба“ во 1941 година.

otvorena crkva

По дипломирањето се враќа во Охрид, а во следните две години работи во Битола и Охрид, главно административни работи. Од 1944 до 1946 година гради мостови на ослободената територија на Пехчево, и работи на обнова на разрушените села во Македонија, за многу брзо време да прерасне во основополжник на заштитата на македонското градителско наследство. Во 1949 станува прв директор на тогаш основаниот Републички завод за заштита на културно-историски споменици. Од овој период посебно треба да се издвои неговата пионерска работа на конзервација на Св. Софија, катедралниот храм на Охридската архиепископија, кој ќе остане негова трајна професионална преокупација и личен предизвик да се откријат тајните на овој објект и комплексот што го опкружувал. Во оваа област подеднакво значајна е неговата работа на конзервацијата на црквата Св. Пантелејмон во Нерези, Даут-пашиниот амам и Куршумли ан во Скопје, Св. Богородица Перивлепта во Охрид, како и многу објекти од градската архитектура во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top